Дневен хороскоп за 29 ноември

ОВЕН

Проблемите кои ги имате со колегите и вашите претпоставени полека излегуваат на површина. Има многу работи за кои ви замераат и ќе направат сè што е во нивна моќ да ве спречат да успеете. Обидете се да не паѓате на провокации и смирено разговарате. Заљубени сте, но не ви е лесно да почнете да разговарате со личноста која ви се допаѓа. Се двоумите да не ве одбие. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со срцето.

БИК

Немате никаква потреба да се грижите околу работата. Местото ви е загарантирано, а финансиската состојба допрва ќе ви се стабилизира. Можно е и покачување на платата. Полека почнува да се влошува односот со партнерот. Во наредниот период ве чекаат многу неизвесни моменти. Морате повеќе сметка да поведете на вашиот темперамент. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Ве нервира тоа што спречени сте на работа од колегите и претпоставените во извршувањето на вашите задачи. Нервозни сте затоа што не можете да го покажете целиот ваш потенцијал. Обидете се да останете смирен и да не паѓате на провокации. Не сте задоволен од вашиот партнерот иако тој прави сè за да се вие се чувствувате убаво. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.

РАК 

Денешниот ден ќе ви помине без многу обврски. Искористете го слободното време за одмор. Не влегувајте во непотребни авантури и расправии со колегите и шефот. Ви смета помислата дека вашиот поранешен партнер може да влијае на моменталната врска. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

ЛАВ

Доаѓаат убави моменти за вас кога е во прашање работата. Задоволни сте од досега сработеното и односот на колегите и вашиот шеф. Денес ве очекува поволен ден и на љубовно поле. Многу е веројатно дека ќе запознаете нова личност во вашиот живот со која ќе влезете во врска. Можете да се надевате на позитивни промени на ова поле. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на крвниот притисок.

ДЕВИЦА

Денес е поволен ден за да започнете со нова работа. Судбината ви е наклонета на ова поле. Обидете се да го искористите моментот. Односот со вашиот партнер полека влегува во криза, барем за оние кои се во долга врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со цревата.

ВАГА

Несреќни сте на работа затоа што не можете да ги реализирате замислените цели. Не очајувајте. Дадете си време и простор и на крајот од денот ќе успеете. Ќе почнете да флертувате со личност која ви се допаѓа веќе некое време. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

СКОРПИЈА

Ќе дојдете до мал прилив на пари, кои не сте ги очекувале, за да подмирите дел од вашите долгови и трошоци. Но, не се надевајте премногу на ова поле. Ве чекаат многу неизвесни моменти. Љубовната состојба со вашиот партнер полека ќе ви се стабилизира во наредниот период. Внимавајте на здравјето и зголемениот апетит.

СТРЕЛЕЦ

Доаѓа период на подобрување на односите со вашите колеги и претпоставени на работа. Со тоа ќе се зголеми и вашата продуктивност, а на крајот од месецот очекувајте и соодветна награда за сработеното. На емотивен план ве чекаат многу проблеми со вашиот партнер. Веќе подолго време барате начини како да го подобрите нарушениот однос. Внимавајте на здравјето и чувајте се од повреди.

ЈАРЕЦ

Очекувајте многу критики и совети од вашите колеги и надредени во наредниот период. Обидете се да ги прифатите дипломатски и не влегувајте во непотребни расправии и кавги. Се чувствувате сигурно покрај вашиот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Вашиот брак генерално функционира одлично. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со тежината.

ВОДОЛИЈА 

Наскоро ве очекува нов деловен разговор и обидете се да оставате позитивен впечаток кај соработниците. Искористете го моментот да се покажете во вистинското светло. Ве чекаат убави моменти на ова поле. Личноста со која живеете веќе подолго време ќе ви покаже дека е подготвена вашата врска да ја подигнете на едно повисоко ниво. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми поради исцрпеност.

РИБИ

Слободно покажете го вашето мислење и бидете подготвени да се изборите за ваиот деловен статус. Нека не ве спречува никој и ништо. Постои можност со вашиот партнер да почнете да остварувате стабилна и позитивна атмосфера во односот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

Текстот Дневен хороскоп за 29 ноември е превземен од Reporter.mk.