BMW „се пошегува“ на сметка на Tesla Cybertruck во реклама за X5 (ВИДЕО)

Германскиот BMW го искористи големиот кикс на Tesla при промоцијата на нејзиниот камионет Cybertruck.

За време на презентацијата во Лос Анџелес, директорот на tesla, Илон Маск сакаше на присутните да им ја претстави цврстината на камионetot, а за таа цел дури и удрi со чекан по каросеријата од не’рѓосувачки челик.

Јачината на страничните прозорци требаше да се докаже со фрлање на метална топка кон нив. Сепак, топката го скрши страничното стакло при двата обида таа вечер.

Баварците реагираа експресно и го искористија гафот на Tesla за маркетинг цели при рекламирање на нивниот блиндиран SUVм X5 Protection VR6.

„Доаѓа со јасни непробојни прозорци и нуди заштита од стаклени парчиња во случај да биде погоден од метална топка“, се исмејува конкурентот од САД.

Оклопниот BMW X5 Protection VR6 е придвижуван од 4.4-литарски V8 со 523 КС. Почетна цена е 82.150 долари.

Тесла објави дека Cybertruck ќе биде достапен за 39.900 долари, додека најскапата верзија ќе чини 69.900 долари.

Текстот BMW „се пошегува“ на сметка на Tesla Cybertruck во реклама за X5 (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.