Универзитетот за рударство во Колорадо минатата недела започна со воведните часови од првата напредна програма во светот посветена на “вселенски ресурси“.
Иако во вселената се уште нема рударски објекти, според некои експерти, за помалку од една деценија се очекува да започне т.н. рударска треска по астероидите. Оние компании кои сакаат да профитираат од вселенските ресури мора да се подготват и да имаат обучен персонал, додаваат експертите.
Според директорот на Центарот за вселенски ресурси при Универзитот за рударство во Колорадо, Ангел Абуд-Мадрид, вселенските ресурси се област која предвидува идентификација на оние ресурси кои се наоѓаат таму, и пронаоѓање на начини за нивна екстракција и искористување.
Според некои извештаи, дури и познатата американска инвестициска банка Голдман Сакс е заинтересирана за вселенското рударство, поради тоа што научниците веруваат дека во вселената постојат речиси неограничени количини на ресурси, за разлика од Земјата каде во скоро време тие ќе се исцрпат.
Текстот Американски универзитет започна со програма за вселенско рударство е превземен од USB.mk.