Познатиот музичар Виктор Апостоловски е автор, но и пее во новите песни на американскиот хип-хоп артист Метју Хорн, познат како Гифтед. Виктор и Гифтед изминатиов период се дружеа во Македонија и ги снимија песните My apology и In the Name of Love. Истовремено, снимија и спотови за двете песни.
„Соработката бидна сосема лабаво. Јас веќе соработував со екипа од Феникс, The New Age X, и едниот од бит-мејкерите ми кажа дека има другар од Лос Анџелес на кој му треба помош, бил почетник. Тој барал и пејач и некој што ќе му направи музика, па така се случи со Гифтед да ги направиме овие две песни“, раскажа Виктор за „Репортер“.
Виктор вели дека првата идеја била тој да оди во Америка и таму да ги снимат и спотовите, ама плановите се смениле.
„Не ми дадоа виза за Америка. Затоа Метју, кој е го користи уметничкото име Гифтед, реши да дојде во Македонија и да ги снимиме спотовите тука. За My Apology битот првично го направи нашиот пријател Ерик, а потоа го доработив јас. In The Name Of Love e целосно мое дело“, ни кажа Апостоловски.
Видеото за првата песна е веќе готово, а го сними јутуберот Борнео Седеу Нишевиќ. Второто видео е, исто така, снимено, ама во моментов се монтира и ќе се промовира наскоро.
Текстот (Видео) Виктор Апостполовски направи две песни за американски музичар е превземен од Reporter.mk.