Модните стилисти ја искритикуваа првата дама на САД, Меланија Трамп, откако во високи „Лубутан“ штикли садеше дрво во градината на Белата куќа. Меланија стана цел на потсмев и на социјалните мрежи каде што кружи фотографијата на која таа држи лопата во рака, а со скапите чевли гази во калливата земја.
Во САД од времето на претседателот Роберт Кенеди постои традиција првата дама да засади дрво во градината. Како што пишуваат американските медиуми, ниедна сопруга на претседателите претходно не го направила тоа во скапи салонки со висока потпетица, туку дека секоја од нив носела или патики или салонки со многу ниски потпетици.
Не е првпат критичарите да ѝ замерат на Меланија за изборот на облека или чевли. Пред неполна година таа се појави во поплавените градови во Америка со високи чевли, а неодамна во Центарот за имигранти во Тексас носеше јакна со натис „Не ми е грижа, а тебе?“
Текстот Меланија во штикли засади дрво, стилистите ја исмеаја е превземен од Reporter.mk.