Промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“, зад која стои композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Но, филмот „Врба“ наскоро си оди од македонските киносали и профолжува со светските филмски фестивали и кинодистрибуција.
Инаку, идејата за музичката тема Willow Dawn (Врбина зора) на Џајковски е претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам.
Идејата за песната тргнала во од Милчо, кој предложил да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Идејата на Кирил е во трип-хоп манир.
Комбинација на спој на интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога кои на некој начин интимно се доловуваат. Наскоро излегува и саундтракот за филмот.
Врба имаше светска премиера на 19 октомври на фестивалот во Рим, минатиот месец играше и на фестивалите во Тајпеј, Тајван и Талин, Естонија.
Текстот (Видео) Модерен ритам на „Тешкото“ во спотот на Кирил Џајковски за „Врба“ е превземен од Reporter.mk.