Гром оштети 100 години стара црква во Пелагонија

Во силно невреме што завчера ја зафати Пелагонија е оштетена црквата „Св. Теодор Тирон“ во селото Долно Српци. Од молњата што удрила во црквата изгорела електричната инсталација, испукале дел од ѕидовите, искршени се сите прозорци, оштетени се скалите во внатрешноста, лустери и други предмети. Оштетени се и помошни простории во дворот на црквата, а без струја останало половина село, пренесе Телма.

Црквата „Св. Теодор Тирон“ била целосно обновена пред 8 години.

Текстот Гром оштети 100 години стара црква во Пелагонија е превземен од Reporter.mk.