Популарниот глумец и шоумен Игор Џамбазов, кој беше специјален гостин на концертот на Гуру Харе на манифестацијата „Карпошово лето“, ја испеа „Ако умрам ил загинам“ во чест на починатиот актер Ванчо Петрушевски.
„Тажен сум. Изгубивме многу талентиран човек. Си отиде Ванчо Петрушевски. Половина од својот живот го поминав со него. Оваа песна му ја посветувам нему“, рече Џамбазов пред бројната публика.
Почивај во мир, драг мој Ваво…Igor Dzambazov
Gepostet von MAJKA TI I TATKO TI am Sonntag, 26. August 2018
Видеото со песната во блуз стил се споделува на социјалните мрежи, а коментарите се дека Игор својата тага и болка ја пренесува и на публиката.
Текстот (Видео) Џамбазов се прости од Ванчо, му ја посвети „Ако умрам ил загинам“ е превземен од Reporter.mk.