Кина разработува стратегија за поголема продажба на електромобили

Кина има намера и разработува план, според којшто до 2025 година, една четвртина од продадените автомобили во земјата, ќе бидат електромобили, соопшти Министерството за индустрија.

Кина е најголемиот пазар за превозни средства на електрична енергија во светот, но годинава продажбата бележи пад од 34 отсто, посочуваат извештаи на Кинеската асоцијација на автопроизводители (КAAП).

Мерките значат и борба против загадувањето на воздухот, како и обид да се намали зависноста на Пекинг од увоз на нафта.

Се планира и продолжување на субвенциите од кинеската Влада кон оваа стопанска гранка, со што земјата и натаму ќе биде „златната кокошка“ на светската автомобилска индустрија.

Текстот Кина разработува стратегија за поголема продажба на електромобили е превземен од USB.mk.