Каја Гербер, ќерка на топ-моделот Синди Крафорд е скоро анорексична. 16-годишната Каја неодамна беше сликана на шопинг во Малибу, а под белиот фустан со длабоко деколте ѝ се гледаат коските на градниот кош и тенките нозе.
„Некогаш беше нормално слаба, сега делува болно тенка, дури анорексична“, „Јади нешто Каја“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Каја е еден од најбараните модели во светот во моментов. Таа потсетува многу на својата популарна мајка, а модните дизајнери постојано ја ангажираат за своите кампањи. Освен што се бави со манекенство, Каја неодамна објави дека создала модна колекција со светскиот моден дизајнер Карл Лагерфелд и дека колекцијата наскоро ќе биде пуштена во продажба.
Текстот (Фото) Ќерката на Синди Крафорд анорексична е превземен од Reporter.mk.