Серена Вилијамс e Јеховин сведок

Тенисерка Серена Вилијамс заради верувањата на Јеховините сведоци, религијата на која ѝ припаѓа, нема да прави забава за првиот роденден на ќерката Олимпија, пишува британски „Сан“.

„Олимпија нема да ги слави родендените. Ние сме Јеховини сведоци и не го правиме тоа“, одговорила Вилијамс на новинарско прашање пред натпревар на „Ју-ес опен“.

Според верувањата на Јеховините сведоци, не се прославуваат родендените и христијанските празници како Божиќ и Велигден, бидејќи тие прослави имаат „паганско потекло“. Во светот има преку 8 милиони Јеховини сведоци, религиозна група која е одвоена од христијанските цркви, но ја проучува библијата според интерпретацијата на свештеникот Чарлс Тејз Расел во САД на крајот на 19-тиот век. Според нивните верувања, Бог ќе стави крај на сегашниот свет и ќе создаде ново Кралство на небото на кое ќе одат само 144.000 луѓе, додека останатите ќе продолжат со животот на новата Земја.

Текстот Серена Вилијамс e Јеховин сведок е превземен од Reporter.mk.