Кралицата на соул музиката, Арета Френклин ќе биде закопана во црвен фустан, во салонка со штикла од 12 сантиметри и во позлатен ковчег. Таа самата ја избрала облеката во која ќе биде закопана, изјавил за американските медиуми роднина на Френклин. „И во смртта е гламурозна“, пишуваат на социјалните мрежи. Нејзиното тело вчера беше изложено во Музејот за афроамериканската историја во Детроит за фановите да ѝ оддадат последна почит на легендарната пејачка.
Арета ќе биде погребана на 31 август, а на погребот ќе пеат Стиви Вондер, Џенифер Хадсон, Фејт Хил, Шака Кан, Јоланда Адамс, Џенифер Холидеј и синот на Френклин, Едвард. Меѓу гостите на погребот ќе биде и поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, близок пријател на пејачката.
Арета Френклин почина на 16 август во нејзиниот дом во Детроит од рак на панкреасот. Пејачката имаше 76 години.
Текстот (Фото) Со штикла од 12 сантиметри, гламур и во ковчегот на Арета Френклин е превземен од Reporter.mk.