Роб Калин астронаутот кој беше на обука во НАСА, си заминува од Националното воздухопловна и вселенска администрација. Вакво нешто се случува за прв пат по педесет години во историјата на вселенската агенција.
Кандидатот за астронаут се одлучил да си замине по својата двегодишна обука која ја добивал во вселенскиот центар во Хјустон познат како Џонсон.
Портпаролката на НАСА Бренди Дин, изјавила дека тој заминува од НАСА од лични причини. Законот за приватност ја ограничува да зборува за причините поради кои Роб се одлучил да си замине.
Дин дополнила дека оставката на Калин ќе стапи на сила во петок, пренесува Асошијетед прес.
Калин бил меѓу 12 астронаути кои летото минатата година биле избрани во потесниот круг од 18300 кандидати пријавени за обука.
Текстот Астронаут си заминува од НАСА е превземен од Reporter.mk.