Раперот Канје Вест на сопругата Ким Кардашијан ѝ купил џип „мерцедес“ кој го платил 200.000 долари. Подарокот бил изненадување за ѕвездата на реалното шоу „Кардашијанс“. Ким веднаш сподели видео од џипот Mercedes-Benz G550 SUV на својот инстаграм-профил. „Кога бевме во Мајами постојано зборував колку ми се допаѓа џипот, преубаво изненадување“, вели Ким во видеото.
Ист таков џип, но во портокалова боја, претходно купила нејзината помала сестра Кајли Џенер.
Текстот Канје ѝ подари на Ким „мерцедес“ од 200.000 долари е превземен од Reporter.mk.