Сте слушнале ли за кругови во житните полиња? Тие претставуваат чудни облици кои мистериозно се појавуваат преку ноќ во полињата на фармерите. Во светот се пријавени повеќе од 10.000 такви кругови. Но, се прашувате кој ги создава? Тоа претставува една огромна мистерија и научните истражувања многу малку ги проучуваат овие појави.
Постојат многу теории за тоа како се создаваат овие кругови, вклучувајќи мистериозни вителки, временски патници и ветерни шеми. Двете најпопуларни објаснувања се дека тие се отпечаток од слетување на НЛО (Неидентификувани летачки објекти) и дека тие се создадени од вонземјани, обидувајќи се да испратат порака до жителите на Земјата. Но, сите овие теории се во недостаток на докази.
Теоријата за НЛО има свое потекло во една приказна за земјоделец во Тули, Австралија. Во 1966 година, тој изјавил дека видел летачка чинија како се крева од мочуришна област и полетува. Кога отишол да истражи, тој видел необични форми во житните полиња, за кои, тој претпоставил, дека се направени од вселенското летало на вонземјаните. “Гнездо за летечка чинија” беше називот кои медиумите го дадоа за овој феномен. Полициската истрага ги поби неговите тврдења, велејќи дека е создаден од воздушен вител или пак од вител од вода.
Научниците кои ги проучувале круговите во 21 век веруваат дека тие се создадени од луѓе. Во 2002 година, Џереми Норткоте, истражувач кој ги проучувал круговите во Велика Британија, рече дека тие обично се појавуваат близу патиштата и спомениците од културното наследство како што се Стоунхенџ или Авебери – области кои се лесно пристапни. Тој посочи дека круговите почесто се предизвикани од намерно човечко дејство отколку од паранормални активности. Општ научен консензус за круговите е дека тие се производ на човечки суштества како измами или за рекламирање. Исто така постојат и уметници кои креираат вакви кругови како дел од нивната уметничка пракса но исто така и за комерцијални клиенти.
Текстот Дали вонземјаните ги создаваат круговите во житните полиња? е превземен од USB.mk.