ТВ-презентерката Татјана Стојановска деновиве на социјалните мрежи споделува фотографии од патувањето во Куба. Таа објави неколку слики од плажа, во костим за капење, и од пријателите доби комплименти дека е убава како и пред дваесет години. Меѓу коментарите имаше и таков дека е здебелена, ама дека знае да се носи со килограмите и дека убаво ѝ стои некој килограм плус.
Татјана е поранешна мис на Македонија. Победи во 1992 година, на првиот избор што се одржа во независна Македонија. Пред една година, стилистот Александар Дадар ја нарече Стојановска најубавата презентерка на вести кај нас.
Текстот (Фото) Се здебели Татјана Стојановска е превземен од Reporter.mk.