Откако американските медиуми објавија фотографија од Шарлиз Терон на која глумицата е без шминка, фановите коментираат дека се загрижени за нејзиното здравје. „Делува болно, бледо и исцрпено, иако и понатаму е убава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. Некои од фановите на 44-годишната Терон напишаа и дека таа е премногу слаба, па треба да се грижи повеќе за здравјето.
Популарната глумица, која со години важи за една од најубавите жени во светот, последните месеци често го менуваше имиџот заради улогите. Таа ја скрати косата, се здебели, а потоа и нагло ослабе. Во моментов е актуелна со филмот Bombshell, во кој игра заедно со Никол Кидман и Марго Роби.
Текстот (Фото) Фановите загрижени за Шарлиз Терон е превземен од Reporter.mk.