Британката Џејн Тапер сметала дека нејзиниот сопруг Пол премногу време поминува во локалната кафеана, па затоа му изградила паб во дворот на семејната куќа. Оваа мајка на три деца и медицинска сестра, покрај тоа што сака да го гледа својот сопруг дома, вели дека ќе почне да организира и забави за пријателите и семејство во нивниот домашен паб, кој го нарекла The Doghouse Inn.
„Пол отсекогаш сакаше ‘да скокне’ во локалата кафеана, секој ден, и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идеја да изградам сопствена кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња“, вели таа.
Џејн открила дека најскапо од сè било да се израмни дворот и тоа ја чинело 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинела околу 2700 фунти. Со пабот не е воодушевен само сопругот на Џејн, туку и нивните деца Том, Лорен и Џек. Тие велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол зашто ќе се дружат во сопствениот паб.
Текстот На сопругот му направила кафеана во дворот за да го задржи дома е превземен од Reporter.mk.