Денеска почнува Венецискиот филмски фестивал

Седумседет и петтото издание на Венецискиот филмски фестивал почнува денеска, со премиерата на „Првиот човек“ на оскаровецот Демиен Шазел за Нил Армстронг. На свеченото отворање британската актерка Ванеса Редгрејв ќе добие „Златен лав“ за животно дело.

„Првиот човек“ со Рајан Гослинг заедно со уште 20 филмови ќе се натпреваруваат за главната награда „Златен лав“. Меѓу фаворитите на годинашниот фестивал, кој ќе трае до 8 септември, се вестернот на Џоел и Итан Коен „Баладата на Бастер Скрагс“, мексиканската семејна драма „Рома“ на Алфонсо Куарон и римејкот на италијанскиот хорор „Суспирија“ од 1970 во режија на Лука Гвадањино, авторот на „Викај ме по твоето име“, кој лани помина одлично кај критиката и публиката.

 

Венецискиот фестивал е најстар филмски фестивал, кој во последниве години лансира филмови што добија Оскари, како „Обликот на водата“, кој доби Оскар за најдобар филм за 2017. „Обликот на водата“ лани го освои „Златниот лав“, а режисерот Гилјермо дел Торо годинава е претседател на жирито.

Текстот Денеска почнува Венецискиот филмски фестивал е превземен од Reporter.mk.