Овен
Малку напорен ден за вас кога е професионалниот дел во прашање. И покрај вашата голема ангажираност и труд, некои ситуации едноставно не можат да се решат. Емотивниот партнер малку ве нервира со своите барања и желби. Подобро функционирате во контактот со пријателите.
Бик
Денес ќе имате проблем со усогласувањето со деловните соработници. Ќе бидете деконцентрирани и вие и тие, или едноставно – нема да успеете да се поврзате и разберете во целост. Свесни сте дека претерувате со некои свои барања кога е во прашање саканата личност.
Близнаци
Денес нема да успеете да се повлечете и да ја избегнете критиката доколку само ги одложувате обврските кои ви се доверени. Обидете се подобро да се организирате и концентрирајте се на она што го работите. Во односот со саканата личност – размислете пред да ја повредите со своите зборови.
Рак
Имате мошне зајадливи коментари или пак, премногу сте критички расположени, па оние околу вас ќе имаат мака да се усогласат со вас. Размислете во што вие лично грешите, немојте само да ги барате туѓите мани. На саканата личност ѝ промолчувате битни работи околу кои се нервирате.
Лав
Денес ќе мора да бидете поприлагодливи кон оние со кои доаѓате во контакт, што ќе биде мошне тешко. Имено, свесни сте за своите вредности, можеби и премногу, и вашето его ви е во прв план, па прашање е дали ќе бидете подготвени на компромис. На партнерот покажете му ја својата понежна страна на личноста.
Девица
Вашата тврдоглавост ќе ви донесе проблем со финансиите. Пронајдете некоја забавна активност што ќе ви биде издувен вентил ако не сакате да избрзате со некои работи. Не плашете се од пречките на работното место и добро ќе бидете наградени. Со партнерот отворено ќе разговарате за чувствата.
Вага
Стои загриженост поради некои грешки кои сте ги направиле порано. Се плашите дека тоа може да излезе на виделина, а дополнително внесуваат немир некои информации за кои мислите дека се однесуваат на вас. Денес баш и не ви е до некои емоции, па само физички ќе бидете присутни покрај саканата личност.
Скорпија
Многумина зборуваат зад вашиот грб, но наместо да се грижите што е она што го велат, покажете им дека воопшто не ви е важно. Насмевнете се и кренете ја главата високо. Денес контролирајте го вашиот живот и она што се случува околу вас. Вашата среќа зависи од вас самите.
Стрелец
Никој и ништо нема да може да ви го расипе вашето расположение денес. Можностите ви се смешкаат од сите страни. Љубовниот живот ненадејно ќе ви се загрее и ќе сфатите дека не можете да си го замислите животот без личноста што е до вас. На работното место ќе бидете динамични и посветени на целите.
Јарец
Ќе имате потреба од вашите пријатели кои секогаш умеат да ве соочат со реалноста. Ќе летате на седмо небо, па ќе имате потреба од некој кој ќе ве врати на земја и ќе ви покаже дека врската не е целиот ваш живот. Слушајте совети, соочувајте се со реалноста и не им се лутете на оние кои само сакаат да ви помогнат.
Водолија
Денес ќе ја цените убавината во сите нејзини форми, па привлечните нешта лесно ќе ви го фаќаат окото. Можно е да истрошите мало богатство на облека или да се заљубите на прв поглед во атрактивна личност. Бидете добри, но не и наивни. Дајте им до знаење на луѓето дека знаете што точно се случува околу вас.
Риби
Вашата желба за живот ја осветлува атмосферата каде и да се појавите. Инстинктите ве водат во вистинската насока. Партнерот искрено ќе ви пристапи околу некое сериозно прашање. Нека не ве плаши неговата смелост. Со малку трпение ќе напредувате на работното место.
Текстот Дневен хороскоп за 30 август е превземен од Reporter.mk.