Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, го тужи грчкиот клуб „Панатинаикос“, пренесува српски „Телеграф“. Според нив, некогашниот кошаркар бара од грчкиот клуб 350.000 евра затоа што добил отказ, а не му била исплатена половина од договорената сума.
Според договорот со клубот, тие требале да му ги исплатат парите на 17 рати, но клубот од Атина по шестата рата престанал со исплатите. Ѓорѓевиќ потпиша двегодишен договор со „детелинките“ во 2015, но по неполна сезона, заработи отказ.
За спорот на Ѓорѓевиќ и неговиот поранешен клуб е известена и ФИБА.
Во моментов Ѓорѓевиќ е тренер на кошаркарскиот клуб „Виртус Болоња“.
Текстот Александар Ѓорѓевиќ го тужи „Панатинаикос“ за 350.000 евра е превземен од Reporter.mk.