27.000 проститутки во предградието на Бангкок

Патаја, предградие на Бангкок е град со најголем број проститутки на светот. Во градот активно работат 27.000 проститутки, заради што го нарекуваат „престолнина на проституцијата“. Само 40 отсто од проститутките се полнолетни.

Во Патаја има само неколку бордели и само неколку стотини проститутки се регистрирани. Но градот е преполн со салони за масажа, каде се нудат секакви услуги. Најголемиот број малолетни девојки муштериите ги наоѓаат на улица, а своите услуги ги нудат за само неколку долари. Полицијата секојдневно врши рации, но повеќето девојки имаат одлично изработени фалсификувани документи во однос на возраста, па полицијата мора да ги ослободи.

Тајванските медиуми пишува дека Патаја е омиленото место на педофилите, кои доаѓаат тука од целиот свет за да имаат секс со малолетнички.

 

Текстот 27.000 проститутки во предградието на Бангкок е превземен од Reporter.mk.