Утрово во вилата Ангелика во Неа Врасна во Грција биле ограбени четири македонски семејства. Крадците, ги ограбиле додека тие спиеле, откако им прснале гас под вратата за доплнително да ги зашеметат, велат ограбените македонски туристи. Меѓу нив е и музичарот Живко Динев од Струмица, поранешен бас гитарист и вокал на ,,Браво бенд’’ кој за Репортре рсакажа за филмскиот грабеж во вилата во Неа Врасна. Вели дека тој и неговата сопруга Ана останале без 600 евра, а исто така и останатите семејства кои биле ограбени останале без пари, па дури и златен накит.
„Кражбата многу не вознемири, посебно поради начинот на кој ссме биле ограбени. Ние спиевме со заклучена врата, а крадците во сите четири соби оперирале на ист начин. Во разговор со полицијата дознавме дека ни прснале некаков спреј, или гас, што и да е, незнам, под вратата, некое средство кое што прави да паднеш во длабок сон, па затоа сите уште поцврсто сме заспале и не почувствувавме кога влегле и кога не ограбиле“, изјави Динев за „Репортер“ кој се уште е во Грција, и додава дека уште се во неверување, за ова што се случило. И додава дека додека крадците додека ги краделе, тие не слушнале ништо, а утрото кога станале, се чуствувале како дрогирани.
Грчката полиција рекла дека не е прв пат вака да се краде во Грција. Покрај парите, украден е и накит останите македонски туристи.
А.Георгиев
Текстот Македонци во Грција успиени со гас па ограбени е превземен од Reporter.mk.