Купените новогодишни украси се преубави, но домашните декорации што ќе ги изработите самите се уникатни, поинакви и ќе внесат поголема топлина во домот, токму затоа што сте ги изработиле вие. Ова се неколку предлози за тоа што можете да направите дома, а нема да ви одземе повеќе од половина час.
Скинете гранчиња елка, околу нив ставете сијалички и лампиони и закачете ги на скалите во куќата, или на кое било друго место во домот.
За празничната вечера или кога ќе ви дојдат гости, поставете ги чиниите, приборот и салфетките на тој начин што ќе изгледаат како снешко.
Теглата за колачиња премачкајте ја со лепак, па врз неа посипете светки. Врзете ѝ машна и имате новогодишна украсна тегла за колачиња.
Од тркало за велосипед, гранчиња елка и неколку машни направете венче за влезната врата.
Во шишиња од вино ставете сијалички. Шишињата поставете ги во близина на ѕид и штекери за струја за да не се гледаат каблите.
Кутии од колачиња можат да станат уникатен свеќник – направете дупчиња, врзете ги со коноп, закачете ги на ѕид и во секоја кутија ставете по една свеќичка.
Ни фрижидерот не мора да е „здодевен“. Со малку самолеплива хартија исцртајте му лик и направете снешко.
Стапчиња цимет, гранчиња елка, неколку копчиња, малку лепак и коноп ви се доволни да направите мини екли лампиони.
Текстот Уникатни празнични декорации е превземен од Reporter.mk.