Дневен хороскоп за 12 декември

ОВЕН

Денес немојте да носите никакви одлуки. Ѕвездите не ви се наклонети кога станува збор за полето на работа. Можно е да се најдете во големи проблеми со вашите колеги. Ви смета тоа што вашиот партнер е љубоморен. Чувствувате како да немате доволно слобода во врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

БИК

Во текот на денот нема да имате многу обврски. Тековните задачи ќе ги завршите многу лесно и брзо. Не очекувајте поголеми проблеми кога станува збор за полето на работа. Спонтано ќе запознаете нова личност со која за многу брзо време ќе влезете во врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нозете.

БЛИЗНАЦИ

Промените на работа за кои размислувате подолго време конечно ќе имате можност да ги остварите. Ве очекува поволен период во кој ќе можете целосно да го покажете вашиот потенцијал и капацитет пред колегите и вашите претпоставени. Уживајте во убавите моменти со вашиот партнер. Во иднина ќе дојде и до зацврстување на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми поради недостиг на магнезиум.

РАК 

 

Пред вас доаѓа период кој максимално треба да го искористите и да покажете што знаете и умеете. Време е за некои работи да превземете одговорност. Нема да зажалите за донесените одлуки. Љубовната ситуација ви е променлива. Не сте сигурни дали можете да му верувате на партнерот. Внимавајте на здравјето и проблемите со кичмата.

ЛАВ

Во блиска иднина ќе добиете примамлива деловна понуда која не смеете да ја одбиете. Следува поволен период на ова поле, а на вас е да ја искористите секоја шанса која ќе ви се укаже. Можете да очекувате и средба со личност која ќе покаже дека е заинтересирана за вас. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да почнете да се занимавате со спорт.

 

ДЕВИЦА 

Ве очекува период на пресврти. Некои промени ќе ви паднат тешко и нема да знаете како да се носите со нив. Турбулентни моменти ќе имате и со вашите колеги и претпоставени на работа. Во следниот период ве очекува ново познанство кое ќе ви донесе многу возбудувања. Досега тешко ви идеше на овој план и никако не можевте да ја најдете вистинската љубов за себе. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем одмор.

ВАГА 

Сакате да напредувате и да покажете дека во вас има многу поголем потенцијал од тоа што другите сметаат. Во наредниот период посветете се целосно и на крајот ќе успеете да го добиете посакуваното унапредување и покачување на плата. Имате големи проблеми кога се работи за комуникацијата со вашиот партнер. Нема доверба меѓу вас двајца и врската почнува да ви влегува во криза. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

 

СКОРПИЈА

Доаѓаат убави времиња што се однесува до работата. Ќе ви се исплатат сите досегашни ризици и вложувања. Сè што е потребно е да се потрудите повеќе, да бидете истрајни, упорни и трпеливи во сè што работите. Пред вас е поволен период и на љубовно поле. Доаѓаат убави времиња и ќе поминете многу прекрасни заеднички моменти со вашиот партнер. Само треба отворено да му покажете што чувствувате кон него. Со здравјето сè е добро. Немате никакви проблеми. Се чувствувате одлично.

 

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен состанок кој би можел да се покаже како клучен за вашата кариера. Новите информации кои ќе ги добиете искористете ги на најдобар можен начин. Не ви е лесно да ја прекинете врската, но чувствувате дека нема друго решение. Внимавајте на здравјето и проблемите со главоболката.

 

ЈАРЕЦ

Немате мотивација за работа. Размислувате за промени во кариерата. Не сте задоволен од моменталната состојба. Тешко ви паѓа да ги покажете вашите чувства, затоа што се плашите дека партнерот нема да ве прифати таков каков што сте. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стресот.

ВОДОЛИЈА 

Ќе остварите успех кој ќе биде значаен за вашата кариера. Може да се надевате на голем број поволности на ова поле. Конечно ќе успеете да се реализирате на деловен план. Ви се допаѓа личност која е заинтересирана само за минлива авантура, но не и сериозна врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

РИБИ

Денешниот ден ви е можност да ги решите големиот број проблеми кои сте ги имале во минатото. Ве очекуваат многу позитивни моменти со вашите колеги и шефови. Можете да се надевате и на успех на полето на љубовта. Со вашиот партнер наскоро ќе почнете и за зацврстување на врската, а можеби и брак. Внимавајте на здравјето. Прилично сте вкочанети.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 12 декември е превземен од Reporter.mk.