Во интервју за модното списание „Вог“, поранешната љубовница на американскиот претседател, Сторми Даниелс, открива нови детали за врската со Донал Трамп.
„Колку детали можам да ви кажам за нешто што траеше две минути. И со тоа многу кажав“, рекла Даниелс кога ја прашале да раскаже за тоа каков љубовник бил Трамп.
Таа рекла дека Трамп не ја присилувал на секс и дека таа самата сакала да спие со него. Потврдила и дека Трамп ѝ платил да молчи за аферата, ама дека пари за да молчи добила и Плејбој зајачицата Карен Мекдугал, со која Трамп, исто така бил во врска.
Даниелдс за аферата со американскиот претседател првпат проговори во 2011 година, за списанието „Ин тач“, но тие не ја објавија од страв дека адвокатите на Трамп ќе поднесат тужба против нив.
Сторми во интервјуто вели и дека се плаши за сопствениот живот, дека откако почнала да раскажува детали за аферата не оди никаде без тројца телохранители.
„Откога се дозна за аферата, најголемите проблеми ги има мојата ќерка. Морав да ја отпишам од училиште и да ангажирам приватен учител, зашто фотографите почнаа да ја следат и да ја сликаат. Сега, скоро и да не ја гледам“, рекла Даниелс која во моментов се бори за старателството на ќерката.
Текстот Сторми Даниелс: Сексот со Трамп траеше две минути е превземен од Reporter.mk.