„Јуритмикс“ повторно на сцената по пет години

Ени Ленокс и Дејв Стјуарт настапија заедно како „Јуритмикс“ за првпат по пет години. На сцената успеа да ги обедини Стинг на неговиот традиционален годишен добротворен концерт, што се одржа во Њујорк.

Ленокс и Стјуарт изведоа три од најголемите хитови на групата, што беше нивниот прв заеднички настап од 2014 година, кога беа меѓу учесниците на концерт во Лос Анџелес посветен на „Битлс“. Тоа, пак, беше нивното прво обединување откако по вторпат ја растурија групата во 2005 година.

Тие биле во љубовна врска пет години пред да станат музички соработници, формирајќи ја „Јуритмикс“ во 1980. Во наредните десет години, „Јуритмикс“ издаде осум албуми, по што Ленокс и Стјуарт се посветија на своите  соло кариери. Групата ја возобновија во 1999, но тоа резултираше само со уште еден албум.

Текстот „Јуритмикс“ повторно на сцената по пет години е превземен од Reporter.mk.