Анонимен купувач ѝ ја врати кожената јакна на Оливија Њутн-Џон

Пејачката Оливија Њутн-Џон (71) ја доби назад кожената јакна што ја носеше во филмот „Брилијантин“, а која неколку недели беше продадена на аукција. Анонимниот купувач ѝ ја вратил јакната назад, но донирал и дополнителни 185.000 фунти за австралискиот центар за лекување од рак, што пејачката го отвори во 1992 година кога првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојката.

На почетокот на ноември Њутн-Џон организираше аукција на предмети кои се поврзани со нејзината долга кариера за да собере пари за лекување на ракот. Култната кожена јакна што ја носеше во „Брилјантин“ беше меѓу избраните 500 предмети, а почетната цена ѝ беше 200.000 долари.

„Воопшто не сум тажна што ќе се разделам со тие работи“. Тоа се само работи и се обидувам да не бидам приврзана кон нештата. Ќе ги задржам убавите спомени и фотографии во моето сеќавање“, рече пејачката пред аукцијата.

Оливија со години се бори со рак на дојката, а пред една година болеста ѝ се врати третпат. Таа тогаш рече дека лекарите не се оптимисти, но и дека не сака да знае уште колку време ѝ останува.

Текстот Анонимен купувач ѝ ја врати кожената јакна на Оливија Њутн-Џон е превземен од Reporter.mk.