„Пола мои колеги се дрогираат“ – Рада Манојловиќ за српската естрада

Српската пејачката Рада Манојловиќ во едно интервју отворено прозборе за односите на естрадата, но и за тоа колку од колегите користат дрога и алкохол.

„Голем број на мои колеги едноставно мораат да консумираат и алкохол и дрога. Работата која носи константна интеракција со луѓе знае да исцрпи и да го промени човекот. Никој не оспорува дека оваа работа е тешка, како што никој не оспорува дека некои колеги мораат да земат нешто за да ги ‘крене’ затоа што не можат да ги издржат напорните патувања, настапи, обврски и се што носи оваа работа. Ги разбирам, но не ги поддржувам“, рекла Рада.

Пејачката рекла и дека е една од ретките на естрадата што не се дрогира.

„Никогаш не ми паднало на памет да ризикувам со несакани супстанци. Луда сум и без дрога и алкохол, не би било паметно да почнам со тоа, ќе ме најдете качена на некое дрво“, рекла Рада.

Текстот „Пола мои колеги се дрогираат“ – Рада Манојловиќ за српската естрада е превземен од Reporter.mk.