Откако се ожени минатата недела, поп-пејачот Јоце Панов е на меден месец во Грција. Тој и неговата сопруга Марина се на Миконос, каде ги поминуваат првите денови во брак.
„Тука на Миконос првите денови во брак изгледаат совршено. Но, ќе видиме како ќе биде кога ќе се вратиме во реалноста“, рече Јоце за „Репортер“.
Двојката го избрала Миконос за меден месец, оти Јоце сакал да ѝ ја исполни желба на невестата.
„Марина имаше голема желба да ги види овие острови и затоа дојдовме тука. Не можам да опишам, многу е убаво овде. На Миконос ќе бидеме десет дена. Потоа еден ден ќе одиме да го посетиме и Санторини“, ни раскажа тој.
Јоце и Марина се венчаа минатата недела по десетгодишна врска. Нивната љубов Јоце ја раскажа во спотот „Љубовта победи“. Марина, пак, по долго убедување прифатила да се појави во спотот и да глуми невеста.
(А.Ј)
Текстот Јоце Панов на меден месец е превземен од Reporter.mk.