Дани Ајело, актер кој во долгата кариера играше „тешки момци“, вклучувајќи ги улогите во „Форт Апачи, Бронкс“, „Кум 2“, „Беше еднаш во Америка“ и со Оскар номинираната улога во „Направи ја вистинската работа“ на Спајк Ли почина, во четвртокот, на 86. годишна возраст.
Ајело починал во четвртокот вечерта по кратко боледување, изјавил неговиот публицист, Трејси Милер, кој додал дека „Семејството бара приватност во овој момент“.
Познат по неговиот рапав глас, тој беше поранешен претседател на синдикатот кој во своите 30-ти години почна да глуми и остана напознат за сцената со децении.
Неговиот напредок, иронично, беше како несреќниот љубовник отфрлен од Шер во хит комедијата на Норман Евресон „Месечева светлина“. Неговата разочарување придонесе за смеата, иако тој не беше номиниран за Оскар за споредна улога (Шер и Олимпија Дукакис ги освоија во своите категории), Ајело беше преплавен со филмски понуди.
„Живеењето во Њујорк ми даде обука за каква било улога“, рече тој во интервјуто во 1997 година. “Сум видел сешто и секакви луѓе, убиени, исечени со нож. Имам лузни на лицето. Имам емоционално потсетување кога работам; идејата е едноставно да го рекреирам. Јас го имам видено и го искусив. Играв гангстери, наставници, но најголемиот дел од мојата работа е во полициската област. И за тоа сум обожуван од полицијата во Њујорк“.
Даниел Луис Ајело Јуниор е роден на 20. јуни 1933 година, од италијански родители. Неговиот татко, работник, го напуштил семејството на седум деца, а Даниел на 9-годишна возраст започнал да работи продавајќи весници, работејќи во самопослуга и куглана, чистел чевли и товарел. Во тинејџерските години, тој се придружил на улична банда и, како што тврди, се занимавал со провална кражба. Тој се откажа од средно училиште пред да матурира, се ожени во 1955. година и се приклучил на Армијата.
Потоа работел се и сешто се додека не ја добил првата улога а потоа се посветил само на филмот.
Ајело и неговата сопруга Сенди живееле во Ремзи,Њу Џерси. Ајело имал четири сина од кои: Рик, Џејми и Стејси се живи. Четвртиот син, каскадер и координатор на трикови, Дани Ајело III, починал во мај 2010. година од рак на панкреасот.
Текстот Почина Дани Ајело, омилениот глумец на полицијата во Њујорк е превземен од Reporter.mk.