Полицискиот и СС генерал, како и шеф за безбедност на нацистичкиот Рајх, Рајхард Тристан Еуген Хајндрих, според многумина историчари е веројатно најмрачната личност од Втората светска војна.
Лично Адолф Хитлер го викал „Човекот со железно срце”. Важел за еден од најозлогласените нацисти и нивни најсуров и најбрутален убиец. Бил лик кој сеел страв и трепет кај секој анти-нацист и ги разбивал сите форми на побуна против нацистите.
Хајндрих е човекот кој го измислил и „конечното решение за еврејското прашање“ и градењето на озлогласените нацистички концентрациони логори. Бил познат и како „Касапот од Прага“. Според некои историски истражувачи, од него стравувал и самиот Хитлер бидејќи, наводно, можно е да имал аспирации да го наследи и замени самиот фирер.
Текстот Човекот од кого стравувал и Хитлер: Рајх е најмрачната фигура во Втората светска војна е превземен од Reporter.mk.