(Фото) Зградата на Владо Георгиев во Белград е дом за скитници

Зградата во Врачар во Белград, која е во сопственост на српскиот пејач Владо Георгиев е место каде со години се собираат наркомани и скитници кои ги вознемируваат соседите, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за зграда која датира од пред неколку децении, а која претходно била во сопственост на претпријатието „Авала“.

Владо Георгиев ја купил со намера тука да го пресели неговото студио, но сега не сака да ја обнови, пишуваат медиумите. Пејачот брзо се откажал затоа што се видело како неисплатлива инвестиција. Сега зградата е во очајна состојба, а соседите постојано се жалат од наркоманите и скитниците кои прават неподнослива бучава.

Текстот (Фото) Зградата на Владо Георгиев во Белград е дом за скитници е превземен од Reporter.mk.