Овен
Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте гo во недостатокот на виталност, па настојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е минливо.
Бик
Имате доста проблеми, не стојте во место, движете се и решавајте ги. Во нешто ќе успеете, а во нешто не. Не обидувајте се да се радувате предвреме, кога реално немате причина за тоа. Испланирајте го времето. И семејството се лути поради вашите чести изговори за отсуството и невниманието кон нив.
Близнаци
Планетите ќе се погрижат ова да биде еден од вашите посреќни денови во оваа година. Се разбира и од вас се бара мал труд. Покажете ентузијазам и страст, но балансирајте ги со воздржаност. Колку и да сакате нешто да се случи, не треба да си дозволите да изгледате очајно. Ќе добиете интересен предлог на кој нема да можете да му одолеете.
Рак
Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и рационално да им приоѓате на проблемите. Некој пријател ќе ви помогне да ја надминете финансиската криза.
Лав
Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.
Девица
Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и пречи вашата себичност. Послушајте го советот од некоја друга девица.
Вага
Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.
Скорпија
Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.
Стрелец
Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.
Јарец
Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно ако сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.
Водолија
Мистериозни сте и вашите чувства не сакате да ги покажете на другите. На почетокот ќе се заинтересираат за што станува збор, но ако сте премногу упорни во неоткривањето, лесно ќе се оддалечите од нив. Ако сакате да постигнете квалитетна врска, без разлика дали е работна или пријателска, треба да разговарате со таа личност. Премногу сте ладнокрвни.
Риби
Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.
Текстот Дневен хороскоп за 31 август е превземен од Reporter.mk.