(Видео) Тереза Меј игра самба во Јужна Африка

Британската премиерка Тереза Меј деновиве е во посета на Јужна Африка, а се најде во центарот на внимание со нејзините несекојдневни изведби и танчерски движења.

Меј беше поканета да им се приклучи во изведба на танцот на група млади луѓе во кампусот на Обединетите Нации во Наироби. Знаејќи дека ако ги одбие ќе ги навреди, премиерката се фати за орото и ги покажа своите танчерски способности.

„Тереза Меј танцува како слободата на движење да ѝ е хируршки отстранета. Пред десет години имавме нормални политичари. Денес премиерите патуваат низ светот за трговски зделки. 3% од нашите трговски зделки сега зависат од квалитетот на изведбата на Самба на Меј “, напишал британскиот комичар Џејмс Фелтон на „Твитер“.

Тереза Меј, во слична ситуација се најде и два дена претходно, кога танцуваше во рамките на посетата на едно школо во Јужна Африка.

Британските медиуми ваквиот танц го нарекоа „Мејботом“, и „Кабинетско суфле“.

Текстот (Видео) Тереза Меј игра самба во Јужна Африка е превземен од Reporter.mk.