Сестрата на познатиот виолинист Зоран Џорлев, Софче, настапи во вториот круг на емисијата „Никогаш не е доцна“. Таа го испеа ромски хит односно Geljan dada од Шабан Бајрамовиќ и штом почна со пеење, веднаш доби аплауз од публиката во студиото. За втората песна, Софче имаше придружба, синот Огнен Здравковски, кој неколку пати се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тие ја отпеајаа „Зoшто си ме мајко родила“.
„Да пееш со синот е нешто најубаво во светот“, рече Софче по настапот.
И жирито беше воодушевено од пеењето на Софче, па ја пофалија. „Ромски јазик ви оди добро, ми се допаѓа. Секоја чест“ изјави Ален Адемовиќ, а Катарина Грујиќ додаде дека таа има одлична енергија и дека совршено пее.
Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото на 8:20.
Текстот (Видео) Софче Џорлева пееше со синот Огнен и го воодушеви жирито на „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.