Голи фотографии од хрватската поп-пејачка Јелена Розга деновиве се појавија на порно сајтот XHAMSTER. Сликите се споделуваат на социјалните мрежи со коментар дека сликата на којашто е гола е фотомонтажа. И покрај тоа, пејачката била вознемирена што нејзини фотографии се објавени на порно сајт, открил нејзин пријател за хрватскиот магазин „Ало“.
„Никој не очекуваше нејзини фотографии да се најдат на порнографската страница, таа секогаш била дама. Јелена никогаш не би се фотографирала гола, особено не за на порно сајт. Еднаш кога го направи тоа, беше направено со стил и имаше своја цел. Се работеше за сериозно списание, темата беше да се зачува планетата, а таа беше прекриена со листови на интимните делови“, додал пријателот на пејачката.
Тој раскажал дека Розга била многу лута кога дознала за сликите и дека нејзините адвокати прават се за сликите да ги тргнат сликите од сајтот.
„Ѝ пречи што ја споредија со Северина и што некои медиуми веќе напишаа дека Јелена сама ги објавила своите фотографии, оти во последно време нема ниту еден хит. Сето тоа е неточно,“ рекол истиот извор за „Ало“.
Текстот (Фото) Гола Јелена Розга на порно сајт е превземен од Reporter.mk.