Двајца риболовци од Полска имаа успешен лов додека пловеа низ водите на реката Одри. Алфонс Брзовски и Марек Ждановиќ се пофалија на социјалните мрежи дека успеале да уловат риба тешка 185 килограми.
Кога ја отвориле, во неа пронашле човечки коски и значки кои припаѓале на нацистички офицер од периодот на Втората светска војна.
Алфонс и Марек повикале полиција која спровела истрага со цел да го открие идентитетот на човекот чии коски се наоѓале во утробата на рибата.
Биле контактирани биолози и форензичари, а утврдено е дека сомот бил стар околу 90 до 110 години. Сепак експертите не можат со сигурност да утврдат дали човекот, чии коски се пронајдени во рибата, пред да биде изеден бил веќе мртов.
Текстот (Видео) Риболовци извлекоа од реката сом тежок 185 килограми е превземен од Reporter.mk.