Бред Пит, поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, викендов бил гостин на божикната забава што глумицата ја организирала во нејзиниот дом, пишува магазинот „Пипл“. На забавата, која Џенифер ја организира секоја година, дошле и Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон, Џими Кимел и други.
Иако се разведени уште од 2005 година, глумците од неодамна се повторно во добри односи. Тие контактираат поинтензивно од февруари годинава, кога Џенифер го покани Бред на забавата за нејзиниот 50. роденден.
„Поранешните сопружници се слушаат често, и тоа трае речиси цела година, од роденденската журка на Џенифер. Разбирливо е зошто не сакаат да ги гледаат заедно во јавноста, но се дружат, тоа им годи на двајцата“, рекол анонимен извор за „Пипл“.
Текстот Бред Пит дојде на божикната забава на Џенифер Анистон е превземен од Reporter.mk.