Џастин ѝ се додворува на Џесика, обожавателите не му простуваат оти јавно ја посрамоти

Џастин Тимберлејк веќе еден месец има проблеми,  откако медиумите го објавија дека за време на снимањето се држел за рака со колешката Алиша. Тој призна дека бил под дејство на алкохол  и јавно кажа дека немало ништо помеѓу нив.

Актреот, кој е во брак со  Џесика Бил, потоа јавно се извини на својата сопруга. Тој ја повика сопругата на филмскиот сет за да ја убеди дека сето тоа било грешка. Џесика Бил на својот инстаграм-профил објавила фотографија на која рекламира топки за пилатес и снима кампања, а нејзиниот сопруг коментирал со срциња. Обожавателите на Бил  не го одобрија тоа, па под неговиот коментар го критикувале и навредувале Тимберлејк заради, како пишуваат, јавното посрамотување на неговата сопруга.

 

 

Текстот Џастин ѝ се додворува на Џесика, обожавателите не му простуваат оти јавно ја посрамоти е превземен од Reporter.mk.