Ќерката на Пол Вокер ќе гради училиште во Африка

Медоу, ќерката на починатиот глумец Пол Вокер, ќе гради училиште во Африка. 21-годишната девојка на „Инстаграм“ откри дека почнува нова кампања со организацијата Pencils of Promise и дека нејзина цел во 2020 година е да изгради училиште. Pensils for Promise е организација чија цел е да се подобри образованието ло Лаос, Гватамала и Гана.

„Денеска почнувам нова кампања за заедно да изградиме училште. Ова е сезона на дарување, а мојата најголема желба е да им обезбедам на децата место каде што ќе можат да учат. Сите заслужуваат добро образование. Ова училиште ќе му го посветиме на мојот татко“, напиша таа.

За потсетување, ѕвездата на серијалот „Брзи и бесни“ загина во сообраќајка на 30 ноември 2013 година. Неговата ќерка тогаш имаше 15 години.

Текстот Ќерката на Пол Вокер ќе гради училиште во Африка е превземен од Reporter.mk.