По четири дена забавување, Тијана се пресели кај Милан

Пејачката Тијана Дапчевиќ, која е 18 години во брак со Милан, вели дека по четири дена врска почнала да живее со него. Таа откри дека сопругот го запознала на кошаркарски натпревар во Самобор, место каде што никогаш не помислувала дека ќе оди, а камоли да запознае некого и да се заљуби. Таа неодамна откри и дека нивната љубов била предодредена заради нивните имиња – Милан и Тијана.

„Мојата мајка (многу пред да стане тоа) ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура подоцна решила дека и јас треба да се викам така. Две училишта, една академија и неколку љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да се појавам (на кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам. Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Оттогаш сите мисли ми почнуваат со множина“, напиша Тијана неодамна на „Инстаграм“.

Инаку, пред многу години Милан наводно ја изневерил Тијана со келнерка. Пејачката му го простила тоа и оттогаш во јавноста никогаш не прозборела за тоа.

Тијана и Милан го имаат синот Вук.

 

Текстот По четири дена забавување, Тијана се пресели кај Милан е превземен од Reporter.mk.