Синот на Хју Хефнер се откажа од „Плејбој“

Купер Хефнер, синот на Хју Хефнер, откри дека се откажува од „Плејбој“ и дека ќе биде пилот во американската авијација. Тој објави слика на „Твитер“ со порака дека му сооптил на раководството на компанијата дека ја напушта медиумската империја на својот татко за да ѝ служи на земјата и на општеството.

„За две недели ќе го почнам мојот тренинг“, напиша тој во пораката.

Купер беше на чело на компанијата од 2017 година, кога почина неговиот татко. Тој преку „Плејбој“ ја запозна и својата сопруга, актерката од „Хари Потер“, Скарлет Бајрон, која позираше за насловната страница на списанието пред околу три години.

Текстот Синот на Хју Хефнер се откажа од „Плејбој“ е превземен од Reporter.mk.