Ѓорѓе Балашевиќ ќе има концерт во Хрватска еден месец по инфарктот

Ѓорѓе Балашевиќ ќе одржи концерт во Хрватска, еден месец откако имаше срцев удар. Популарниот 66-годишен пејач потврди дека првиот концерт по излегувањето од болница ќе му биде на 20 декември во Осјек.

„Драги осиечани, се гледаме на концертот на 20 декември. Ако не успеам да го одржам овој концерт, тогаш нема никаде“, напиша Балашевиќ на својата фејсбук-страница.

Тој минатиот месец ненадејно го откажа распродадениот концерт во Крагуевац, по што неговата ќерка објави дека бил примен во болницата за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица, каде што му беа вградени стентови.

„Новинарите често претеруваат, но не и овојпат. Четири дена бев во болница, но немав операција на отворено срце. Само ми беа вградени четири стента и сега заздравувам покрај семејството“, изјави Балашевиќ потоа.

Текстот Ѓорѓе Балашевиќ ќе има концерт во Хрватска еден месец по инфарктот е превземен од Reporter.mk.