Во Грција откриени кралски гробници стари 3,5 илјади години

Двајца археолози недалеку од микенската палата кај Пелопонез откриле две кралски гробници стари околу 3,5 илјади години, соопшти грчкото Министерство за култура. Куполите на покривите во близина на палатата од бронзено време во Пилос се наведува дека се урнале за време на античкиот период и толку ги наполниле гробниците со земја па разбојниците не можеле да влезат во нив и да ги ограбат целосно, пренесува АП.

Во гробниците се пронајдени златен печатен прстен и фигура на египетска божица, а Министерството соопшти дека откритието е важно бидејќи ја осветлува раната фаза на микенската цивилизација.

Поголемата од двете гробници е долга 12 метри, додека другата е за две третини помала, а и двете припаѓаат на тололошкиот вид гробница, со масивна подземна конструкција со куполи, чија висина би можела да достигне и до 15 метри.

Микенската цивилизација постоела помеѓу 1650 и 1100 година п.н.е. и е извор за бројни митови и легенди на античка Грција, како што е Тројанската војна.

Текстот Во Грција откриени кралски гробници стари 3,5 илјади години е превземен од USB.mk.