Ламбе Алабаковски ќе стане татко

Поранешниот пејач Ламбе Алабаковски вторпат ќе стане татко. Тој на „Инстаграм“ објави слика од ултразвукот на бебето со сино срце и откри дека со сопруга Maгдалена чекаат син.

„Радувајте се на малите нешта во животот, тие се најголеми“, напиша тој и доби честитки и убави желби од пријателите.

За потсетување, Ламбе и Магдалена го имаат синот Михаил. Тие живеат во Детроит, САД, каде што Ламбе работи на аеродром. Уште пред да се пресели во Америка, Алабаковски престана да се занимава со музика. Публиката го запозна преку музичкото шоу на М2, „Потрага по ѕвезда“, каде што победи, а негови најголеми хитови се „Море од солзи“, „Бело е сè“, „Кога сонце грее плачам“, „Врати ми го срцето“ и други.

Текстот Ламбе Алабаковски ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.