„Со кој памет медиумите објавуваат“, ќерката на Силвија Стојановска се огласи по приведувањето

Вчера актерката Силвија Стојановска беше приведена затоа што е вмешана со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија. Таа беше однесена во Кривичениот суд во Скопје, а потоа беше пуштена на домашен притвор. Нејзината ќерка, актерката Јана Стојановска, вели дека најверијатно се работело за недоразбирање.

„Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило“, изјавила Јана за Женски магазин. Таа е во Бкурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ, и синот Ненад, кој има три и пол месеци.

Силвија Стојановска е ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и сопруга на починатиот актер Ненад Стојановски. Вработена е во Драмскиот театр, има играно во многу популарни претстави, како и во ТВ-серии и во филмови. Мајка е на двете познати актерки Ана и Јана Стојановски.

Силвија во моментов е актуелна со серијата „Фамилијата Марковски“.

 

 

Текстот „Со кој памет медиумите објавуваат“, ќерката на Силвија Стојановска се огласи по приведувањето е превземен од Reporter.mk.