(Фото) Изгоре јахтата на Марк Ентони

Пејачот Марк Ентони остана без својата јахта вредна 5,5 милиони евра. Таа се запалила и превртила наопаку на марината во Мајами, пренесува „Фокс њуз“. Пејачот не бил на неа за време на несреќата, а потврдено е и дека никој од персоналот не е повреден. Ентони често правел забави на неа. Најмногу можела да прими 12 души.

На неа имало луксузни соби, базен, неколку чет-скии, а имало место каде можело да се прави скара.

„Сите се на безбедно“, изјавиле од пиар-тимот на Ентони.

Јахтата, која во средата целосно изгорела, се проценува дека чини околу 5,5 милиони евра, а дури 40 пожарниакри излегле за да ја изгаснат.

 

Текстот (Фото) Изгоре јахтата на Марк Ентони е превземен од Reporter.mk.