Актерката Зои Кравиц, ќерка на музичарот Лени Кравиц и глумицата Лиса Боне, на Инстаграм објави слика на која е топлес, а градите ги крие со рацете. „Ништо не ми можете 45“, напиша таа, а фановите освен што ѝ коментираа дека е секси, ја прашаа што ѝ значи тоа „45“, бидејќи таа има 31 година.
Не е првпат глумицата да објави топлес фотографија. Таа слична слика објави и во септември, а на сликата рекламира козметика.
Зои неодамна го привлече вниманието на јавноста кога откри дека тајно се омажила со својот дечко, Карл Глусман. Таа последниве неколку години постојано снима филмови и серии, а во моментов се подготвува за улогата на жената-мачка во новиот филм за Бетмен.
Текстот (Фото) Ќерката на Лени Кравиц позира топлес е превземен од Reporter.mk.