Претставата „Човек, ѕвер, доблест“ последна премиера во „Театар комедија“ за 2019 година

Со претставата „Човек, Ѕвер, Доблест“, режисерот Егон Савин ќе ја затвори сезоната во „Театар Комедија“. Савин од факултетот за драмски уметности во Белград, има режирано околу стотина претстави во сите значајни театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и во Унгарија и во Италија.

Неговите претстави се играат насекаде низ светот, а добитник е и на голем број домашни и меѓународни награди за режија. Претставата „Човек, ѕвер и доблест“ (Л. Пирандело) му е трета режија во Македонија, а во неа глумат македонските актери Атанас Атанасовски, Тони Денковски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Кристина Ласовска, Сашо Ристовски,  Жаклина Стевковска Дрнасин и Ева Скендеровска.

За актерите од ансамблот на театрот Комедија, чест е да се игра и работи во претстава која ја режира Савин и за која имаат високи очекувања од страна на публикта, која според директорот Сашо ристовски, оваа година ја надмина посетеноста на претставите за 27 проценти во однос на изминатата 2018 та година.

Од тетатарот најавуваат дека за претставата Човек, Ѕвер, Доблест“ веќе има голем интерес, и ќе биде на редовниот репертоар, додека билетите за предпремиерата и премиерата на 23ти декември, се веќе распродадени.

Текстот Претставата „Човек, ѕвер, доблест“ последна премиера во „Театар комедија“ за 2019 година е превземен од Reporter.mk.